Во Кина откриен нов вид змија, исклучително е ОТРОВНА

од Stefanija Kuzmanovska

Во Кина е откриен нов вид на змија, кој го добила латинското име Gloydius lateralis. Има толку силен отров што, според експертите, може да предизвика траен инвалидитет кај човекот.

Змијата се храни со мали цицачи како што се глувците и е активна за време на сончеви денови во долината Хару во Националниот природен резерват Џиужаигу, каде што е откриена. Според досега достапните податоци, заклучено е дека новооткриената змија може да порасне и до 46 сантиметри, очите ѝ се зелени или кафени, а по телото има темни, кафени ленти.

Сепак, иако луѓето дефинитивно не се интересен плен за неа, факт е дека овој вид е опасен за нас. Шенгчао Ши, еден од научниците кои ги проучувале овие змии, рекол дека станува збор за исклучително силен отров.

– Оваа змија е многу отровна, тоа е сигурно. Колку што знаеме, сите видови од родот Gloydius се отровни. Мислам дека каснувањето на оваа змија не е благо, бидејќи каснувањето на змиите од нејзиното семејство предизвикува силна болка и може да предизвика инвалидитет, доколку не се лекува веднаш. Нивниот отров е таков што ја труе крвта и предизвикува оток, но генерално не убива. Сепак, тоа се однесува на семејството, додека оваа змија треба детално да ја истражиме – рече тој.

Додека тоа се истражува, милиони туристи го посетуваат националниот парк каде што е откриена змијата. Во него има многу распоредени патеки, но многу луѓе сепак се симнуваат од нив и сами ја истражуваат природата, па се изложени на ризик случајно да згазат на змија и да бидат каснати од неа.

Слични содржини