Во кои затвори би можел да ја издржува казната Ратко Младиќ?

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку затвори се опција за издржување на доживотна казна затвор за кој беше осуден воениот злосторник Ратко Младиќ.

Според Нова С, покрај Хашкиот Шевенинген, во оптек се и затвори во Велика Британија, Германија, Полска и Франција.

Судскиот механизам, или како што порано го нарекуваа Хашкиот трибунал, има договор со вкупно 17 европски земји во кои се испраќаат сите што биле осудени пред овој суд.

Да потсетиме, Младиќ беше осуден на доживотен затвор пред два дена, а ова е седма казна изречена од Судот во Хаг.

Тој беше во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година, откако беше уапсен од српските власти во Лазарево кај Зрењанин на 26 мај и екстрадиран во Трибуналот.

Хашкиот трибунал го обвини Младиќ за прв пат на 25 јули 1995 година, но обвинението беше изменето неколку пати до 2011 година. Судењето на Младиќ започна во мај 2012 година и беа сослушани повеќе од 300 сведоци за време на повеќегодишната постапка.

Слични содржини