Во Лавов започнаа преговорите меѓу Ердоган и Зеленски (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Преговорите меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и украинскиот лидер Владимир Зеленски започнаа во Лавов, јавува телевизијата Хабер од местото на настанот.

Ердоган во четвртокот пристигна во Лавов на средба со Владимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, објави претходно весникот „Јени Шафак“.

Според турската телевизија, која се повикува на дипломатски извори, Ердоган ќе му предложи на Зеленски за време на неговата посета на Лавов да организира средба со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Друг турски канал, Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на свои извори, објави дека Путин и Зеленски би можеле да се сретнат за да одредат „патна карта“ за Украина.

Слични содржини