Во притвор сите што се поврзани со експлозијата во Бејрут

од Vladimir Zorba

Либан прогласи вонредна состојба во наредните две недели и нареди куќен притвор за сите оние кои учествуваа и беа дел од складирање на хемикалии, кои се поврзани со експлозијата што уништи голем дел од градот во вторникот вечерта.

Либанската влада одлучи да истражи и открие што се случило што е можно поскоро и да ги казни одговорните со најстрога казна.

До четврток, бројот на повредени се искачи на 5.000, а бројот на загинати на 137. Бројките се очекува да пораснат додека жителите трагаат по исчезнатите членови на семејството, пријателите и познаниците.

Голем дел од нив се во болница, а се плашат дека голем дел од луѓето се под урнатините. Синоќа, тело на девојче било пронајдено под урнатините по 24 часа.

Скоро 300.000 луѓе ги загубија своите домови.

Слични содржини