Во Русија рекордно зголемување на бројот на новозаразени: 10.633 лица за 24 часа

од Nikola Popovski

Русија објави во неделата 10.633 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголемо секојдневно зголемување на бројот на заразени со вирусот.

Ова го зголеми вкупниот број на заразени на 134.686, според официјалната веб-страница на Владата.

Стапката на смртност се намали во последните неколку дена и остануваат, релативно, пониски отколку во многу други земји, пренесува Ројтерс.

Вкупниот број на загинати се зголемил на 1.280, откако 58 лица починаа во последните 24 часа, според рускиот Кризен центар во борбата против коронавирусот.

Слични содржини