Во Сараево одбиени лицата кои дошле да се ревакцинираат, втори дози НЕМА

од Stefanija Kuzmanovska

Вчера во Сараево требаше да започне вакцинацијата со втората доза на вакцината против коронавирус.

Интересот кај граѓаните беше голем, многумина дојдоа на закажаниот термин за нив кога ја примија првата доза на вакцината. Но, кога пристигнале за втората, ги дочекало одбивање, пренесе „Индекс.хр“.

Тие не биле вакцинирани со втора доза бидејќи втори дози нема.

Проблем создава и неподносливата топлина, која достигнува над 35 Целзиусови степени, а повеќето луѓе кои доаѓаат да ја примат втората доза на вакцината се постари лица.

Слични содржини