Во синоќешните протести во Белград повредени 43 полицајци и 17 цивили, запалени и полициски коли (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
166 прегледи

Во протестите што се случија синоќа пред Националното собрание на Србија и зградата на РТС, повредени се 43 полицајци и 17 цивили, потврдено е за Телеграф.рс.

Екипите на брзата помош интервенирале повеќе од 20 пати во текот на ноќта, во областа околу Националното собрание, каде се одржувале протести.

Непосредно пред 2 часот наутро, полицијата успеа да ја „преземе контролата“ во паркот Пионирски, од каде ги турна демонстрантите по околните улици, како и на плоштадот „Никола Пашиќ“.

Демонстрантите исто така беа истуркани од областа кај црквата Свети Марко, а платото пред Собранието на Србија е празно.

Бројот на демонстранти се намали во текот на ноќта, бидејќи полицијата ги оддалечи од Собранието.

За време на насилните протести, забележани се бројни немири, па два полициски автомобили и „марица“ беа запалени пред црквата Свети Марко.

Демонстрантите постојано беа во судир со полицијата, а пред Собранието на Србија, солзавецот што полицијата го фрли кон најупорните групи – тие го вратија на полиција.

Протестот дојде по најавата на Претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека полициски час ќе биде воведен во петок, по што демонстранти се собраа пред Собранието.