„Во спомен на мојот голем пријател“: Еве на кого ќе биде посветен концерт на Грашо

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот Петар Грашо ќе ја заврши својата успешна концертна година со спектакуларен настап во белградската Старк Арена на 11 ноември, а како што откри, дел од настапот ќе биде посветен на неговиот пријател и колега, Оливер Драгојевиќ.

„Бев многу близок со Оливер, тој беше тука цел мој живот. Ме познаваше од четиригодишна возраст, кога имав шеснаесет години ја напишав мојата прва песна, која поради околностите, благодарение на татко ми, заврши во рацете на Оливер. Кога слушна што сум направил, ми се јави и ми рече дека ќе ги отпее сите песни што ги напишав. Тој момент беше пресуден за мојата кариера и живот, бидејќи Оливер беше тој што го одреди мојот животен пат. Останавме добри пријатели до крајот“, наведува Грашо.

Во спомен на својот голем пријател, Грашо најави дека белградската публика ќе има можност да ги слушне некои од најпопуларните песни на Драгојевиќ.

„Знам дека Оливер беше и остана еден од пејачите чии песни се популарни во Србија. Затоа решив да ја воодушевам мојата верна белградска публика со посебен опус во негова чест, за да се сетиме на него на најубав начин“, додаде тој.

Слични содржини