Во Србија во последните 24 часа починаа 39 заболени од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа, други 39 пациенти починале од коронавирус во Србија, а инфекцијата е утврдена кај 5.471 од 18.528 тестирани лица.

Хоспитализирани се 7.205 пациенти, а 276 од нив се на респиратори.

Вкупно 595.489 лица се заразени со коронавирус во Србија досега, а починале 5.270 лица, објавено е на веб-страницата covid19.rs.

Слични содржини