Во трансферот на Мбапе се вмеша мајка му и предизвика хаос

од Nikola Popovski

Килијан Мбапе, крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, ни виновен, ниту должен се најде во центарот на хаосот околу неговиот статус за следната сезона.

Французинот веќе извесно време е на мета на Реал Мадрид, од друга страна парижаните прават се за да го убедат да остане, но Мбапе не покажа ни најмала намера да остане во Париз, дури се најавува дека постигнал договор со Реал.

Затоа и не е чудно што како бомба одекна веста дека Мбапе се договорил со ПСЖ.

Како што објави „Le Parisien“, Мбапе наводно ја прифатил понудата да игра на „Паркот на принцовите“ во следните две години, поради што „неговиот трансфер во Реал пропаднал“.

Сепак, само неколку минути подоцна следеше контра одговор, од неговата мајка, која демантираше дека има некаков договор со ПСЖ.

Набргу потоа, информацијата објавена во „Le Parisien“ беше означена како обид за дополнителен притисок врз Мбапе, за да биде прикажан како фудбалер кој го прекршува зборот во случај сепак да замине во Шпанија.

Конечниот исход би требало да следи во текот на летото, кога ќе биде донесена конечната одлука, но се поизвесно е дека Мбапе е се подалеку од останување, со оглед на тоа што е јасно дека ПСЖ не избира средства за да го принуди да остане. клубот и на крајот од тековната сезона.

Слични содржини