Во трговски центар во Србија, покрај вакцина, даваат пари и ваучери (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Денес во 9 часот наутро беше отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да се вакцинира, може да го стори тоа без претходна најава, и може да избере од достапните вакцини, пишува Блиц.

Редот започна да се формира веќе во 8 часот.

За дополнително мотивирање на граѓаните, оние кои ќе се вакцинираат денес, утре и сабота ќе добијат подароци.

Така, денес, првите 100 вакцинирани лица ќе добијат ваучер вреден 3.000 динари, за набавки во овој трговски центар. Оваа акција продолжува утре, кога првите 50 вакцинирани ќе добијат ваучер, но вреден 5.000 динари за набавки во продавниците на „Фешн и френдс“, а првите 100 вакцинирани во сабота ќе добијат пакет подароци од „БГ електроникс“.

Контролниот пункт го подготвија Градскиот институт за јавно здравје и Градот Белград.

Да потсетиме, вчера Вучиќ објави дека секој што се вакцинирал ќе добие подарок 25 евра.

Слични содржини