Во Турција од понеделник само со негативен ПЦР тест

од Vladimir Zorba

Сите патници кои ќе пристигнат во Турција од понеделник, 28 декември, ќе треба да покажат негативен ПЦР тест за коронавирусот, не постар од 72 часа, изјави денеска министерот за здравство Фахретин Коџа.

Оние кои немаат негативен тест нема да можат да се качат на авиони што летаат кон Турција, пренесува Ројтерс.

Коџа, исто така, рече дека патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Јужна Африка и Данска ќе мора да одат во карантин веднаш по пристигнувањето, иако имаат негативен тест.

Слични содржини