Во училиште во БиХ тешко ранет син на познат политичар: Ученик го застрелал во вратот

од Stefanija Kuzmanovska

Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Парламентот на ФБиХ, бил застрелан во основното училиште во Лукавац, било потврдено за порталот „Аваз“.

Станува збор за Н.О., дознава „Дневни аваз“.

Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА.

Нема повредени деца, а пукањето се случило утрово околу осум часот.

„Аваз“ дознава дека се работи за поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал вработен во училиштето. Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот.

Напаѓачот е уапсен, а оружјето е пронајдено на лице место.

Слични содржини