Во Украина испратени повеќе од 100 британски специјалци

од Vladimir Zorba

Повеќе од 100 припадници на елитните британски специјални сили се испратени во Украина поради страв дека е неизбежна руска инвазија на земјата, пишува британски Мирор, повикувајќи се на неименуван извор.

Изворот вели дека специјалци од Велика Британија биле распоредени да и помогнат и да ја советуваат украинската армија.

„Мирор“ наведува дека помагаат во обуката на украинските специјални сили за борба против бунтовниците, снајперски напади и диверзии.

Тензиите меѓу Западот и Русија се зголемија откако Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва категорично ги отфрла тие обвинувања и бара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток и дека Украина нема да биде членка на Алијансата.

Слични содржини