Во знак на солидарност за Алепо ќе згаснат светилките на Ајфеловата кула

од Vladimir Zorba

Светилките на Ајфеловата кула вечерва во 20 часот ќе бидат згаснати во знак на солидарност и поддршка за населението на сирискиот град Алепо, соопшти градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Таа истакна дека целта на тој симболичен потег е да се привлече вниманието на светската јавност кон неопходноста од итни мерки за запирање на конфликтот во Сирија. Францускиот претседател Франсоа Оланд пак, денеска исто така изјави дека евакуацијата на цивилното население во Алепо треба да се спроведе под меѓународна контрола и со учество на хуманитарни организации.

И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер повика на што поскоро прекинување на сите борбени дејствија во Сирија.

Слични содржини