Водич за социјални вештини за возрасни, за оние кои никогаш не биле научени

од Stefanija Kuzmanovska

Срамно е што малкумина од нас се научени на основите за тоа како да комуницираат конструктивно меѓусебе. Ако никогаш не ве научиле, ние сме тука да ви помогнеме, пишува „Њујорк Тајмс“.

Социјалните вештини се вештини кои се уачт во пракса. Кога сте дете, можете да научите како да се справите со конфликт, да стекнете пријатели и слично, додека го правите тоа. Но не секој учи исти лекции на ист начин.

Учењето на социјални вештини може да биде тешко ако не сте биле изложени на традиционалната групна динамика како дете, ако се борите со ментална болест како анксиозност или депресија, или ако едноставно не сте имале многу позитивни примери на кои ќе се огледате додека сте растеле.

Младите луѓе имаат тенденција да учат како да се справуваат со своите емоции, да ги препознаваат кај другите луѓе и ефективно да управуваат со нив преку социјализација. Доколку вие не ги развивте овие вештини додека растевте, не грижете се. Не сте сами.

Социјалната основа: емоционална интелигенција

Пред да дојдеме до специфични социјални ситуации, треба да разговараме за концептот на емоционална интелигенција (Е.И.). Едноставно кажано, емоционална интелигенција е вашата способност да ги признаете сопствените емоции, да препознаете емоциите кај другите и да ги користите тие информации за да го приспособите вашето однесување.

Ова е релативно нова област на студии од областа на психологијата. Развивање на своја емоционална интелигенција може да ви помогне да ги разберете и подобрите вашите социјалните интеракции.

Постојат неколку модели на емоционална интелигенција, но за наши цели, ќе го разгледаме моделот на авторот Даниел Голман. Тој опишува пет општи категории на Е.И. кои се надополнуваат и меѓусебно се поддржуваат.

1. Самосвесност: Ова едноставно значи да бидете во можност да ги идентификувате сопствените емоции и како тие функционираат. Дали сте вознемирени во гласни средини? Дали се лутите кога луѓето зборуваат над вас? Ако ги знаете овие работи за себе, тогаш вежбате самосвесност. Ова може да биде потешко отколку што звучи, но едноставно да бидете свесни за себе е сè што е потребно за овој чекор.

2. Саморегулирање: Преземајќи чекор понатаму, саморегулацијата се занимава со вашата способност не само да ги знаете вашите емоции, туку да управувате со нив. Понекогаш тоа може да значи и справување со нив кога ќе се појават. Ако се изнервирате, важно е да знаете како да се смирите.

3. Мотивација: Надворешни фактори како пари, статус или болка се моќни мотиватори. Но, според моделот на Голман, внатрешната мотивација е клучна компонента. Ова значи дека знаете да управувате со сопствената мотивација и да создавате или продолжувате проекти затоа што вие одлучувате, не затоа што нешто надвор од вас го бара тоа.

4. Емпатија: Исто толку е важно да се биде свесен за емоциите на другите. Ова може да значи развој на вештини за препознавање како луѓето се изразуваат себеси – дали може да ја забележите разликата помеѓу некој на кој му е пријатно наспроти некој кој е вознемирен? – но исто така значи и разбирање како другите луѓе можат да реагираат на околностите во кои се наоѓаат.

5. Социјализација: Оваа област се занимава со вашата способност да ги управувате вашите односи и да навигирате социјални ситуации. Не значи да се контролираат другите, туку да разберете како да стигнете таму каде што сакате да бидете со други луѓе.

Секоја социјална ситуација е различна и не постои секогаш „точен“ начин за справување со која било од нив. Меѓутоа, кога ќе се обидете да се справите со помош на овие совети, станува полесно да се управува со повеќето социјални ситуации.

Слични содржини