Водителката поднесе тужба против 50 Cent: Тврди дека тој и нанел сериозни и трајни повреди

од Radmila Tasevska

На 30 август за време на својот настап во Лос Анџелес, познатиот рапер 50 Cent фрли микрофон и удри жена во глава.

Како што подоцна објавија медиумите, тој за време на овој настап неколку пати имал проблем со микрофонот, а еден кој престанал да работи – бесно фрлил во публиката.

Како што се дознало, жената која ја удрил е Бријана Монигејн, водителка на радиото „Пауер 106 ФМ“. Таа сега поднела тужба против раперот, пишува „Пипл“, цитира Стандард лајф.

Таа поднела тужба до Врховниот суд во Лос Анџелес, тврдејќи дека 50 Cent и нанел „тешки и трајни повреди“. По инцидентот веднаш и била укажана помош во итната медицинска помош, а во таа прилика, како што е наведено во тужбата, се здобила со потрес на мозокот, расекотина на челото, а почувствувала и болка во зглобот на левата рака. Дополнително, водителката се пожалила дека имала и „чувствителност на звук и светлина, поради што имала мачнина“, а имала и вртоглавици и главоболки.

Како што напишала во тужбата, таа сè уште ги чувствува последиците од „емоционалниот стрес“.

Засега раперот не објави ништо за тужбата.

Слични содржини