„Водовод и канализации“: Украдени се капаци и решетки од шахти на неколку булевари низ Скопје

од Nikola Popovski

Од ЈП „Водовод и канализации“ информираа дека во текот на минатата ноќ, на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и на ул. „Карпошово востание“ во Скопје, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

„Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети. Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош“, велат од претпријатието.
Тие воедно упатуваат апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Не е првпат во Скопје да се краде урбана опрема, која потоа се продава како старо железо.

Слични содржини