Воопшто не е наивно: Еве што се случува кога се изгладнувате

од Elena Daskalova

Диетите со големи рестрикции на калорискиот внес носат повеќе штета отколку корист, а не само намалување на телесната маса.

Pixabay

По престанокот на ваквите режими, многу често луѓето се прејадуваат и претеруваат со храната која им била забранета.

Ригорозните диети може да ги предизвикаат следниве сериозни нарушувања:

Нетолеранција на храна

Ако подолг период се храниме еднолично, односно јадеме храна која подолго време нè држи сити, тогаш големи се шансите тоа да резултира со нетолеранција токму кон таа храна. Симптомите на нетолеранција се подуеност, лошо варење, замор, главоболки… Со разновидна храна може да се спречи овој проблем.

Хипогликемија

Еднобразната исхрана може да го намали нивото на шеќер во крвта, но и да предизвика чести скокови или падови на енергијата. Може да почувствувате напади на глад, но и проблеми со спиењето, како и константен замор.

Кандидијаза

Кандидата е габичка која ја има во цревната флора и на кожата. Кога е нарушена имунолошката рамнотежа, оваа габичка се размножува со голема брзина и може да предизвика воспаленија, првутење на кожата, лоша циркулација… Од исхраната треба да се исфрлат квасецот, белото брашно, ферментираната храна, алкохолот, печурките, сушеното овошје…

Слични содржини