Воведени сериозни ограничувања: Унгарија е „затворена“

од Nikola Popovski

Во Унгарија стапија на сила строгите ограничувања, што треба да помогнат во намалување на бројот на хоспитализирани и смртни случаи од коронавирус.

Според одлуката на Владата, отворени се само продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи, повеќето други продавници се затворени две недели, а градинките и основните училишта до 7 април.

Владата ги повика компаниите да им дозволат на вработените да работат од дома.

Во Унгарија учениците слушаат онлајн настава од ноември, кога беа затворени кафулињата, рестораните и спортските сали.

Премиерот Виктор Орбан предупреди дека болниците се многу оптоварени отколку за време на претходните „бранови“ на епидемијата и дека се неопходни строги мерки за да се спречи „трагедија“.

„Следните две недели ќе бидат тешки, но ако сакаме да се отвориме до Велигден, сега треба да се затвориме“, рекол Орбан во петокот.

Бројот на пациенти на респиратори во унгарските болници е зголемен за повеќе од двојно во последните две недели, а бројот на смртни случаи нагло расте.

Слични содржини