Возач нападна патник, ЈСП Скопје го суспендира

од Nikola Popovski

ЈСП Скопје информира дека суспендиран е возач на автобус кој синоќа нападнал патник.

Немилиот настан се случил во автобус број 24, кој сообраќа на релација Припор-Тафталиџе.

-Преземени се мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот. Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место, стои во соопштението на ЈСП Скопје.

Според информациите од полицијата, на настанот во автобусот претходело недоразбирање.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични содржини