ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Пукање на шеталиште на Флорида, повредени девет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Девет лица беа застрелани, меѓу кои и едногодишно дете, за време на судир меѓу две групи на Флорида, соопштија официјални лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Полицијата приведе едно лице, но се уште трага по останатите осомничени, изјавила портпаролката на полицијата, пренесе Си-Ен-Ен.

Најмладиот повреден има една година, а најстариот 65 години.

Властите соопштија дека пукањето се случило во близина на патеката на плажата, каде што се наоѓаат многу ресторани и продавници.

Звукот од пукотници ги вознемирил луѓето, кои почнале да бегаат. Кога полицијата одговорила на повикот, затекнала девет ранети лица.

Слични содржини