(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Сириски бунтовници информираа на кој начин го убиле пилотот на соборениот СУ-24

од desk3

Член на екипажот на рускиот авион, соборен над северен сириски регион, е убиен во воздухот од пукање на бунтовници, додека се обидувал да го насочи падобранот кон територија под контрола на владата. Ова го објави на Фејсбук портпаролот на сириска бунтовничка група, цитиран од ДПА и АП.

CUlD21QWUAAEgJW (1)

“Додека тие паѓаа, тие постојано се обидуваа да го насочат падобранот за да стигнат до територијата контролирана од диктаторот Башар ал Асад”, пишува портпаролот на Десеттата крајбрежна бригада Џабир Ахмад. Според него борците од автоматизираната чета на бригадата успеале “да го погодат пред да се извлече”, и трупот паднал на “слободна земја”.

Бунтовничката група распространи видео клип на кој се гледаат вооружени мажи, застанати околу Русокос маж со повреди и раскрварено лице, кој изгледа мртов.

Не е позната судбината на вториот пилот на рускиот авион.

Претходно денеска Турција објави дека собори авион кој постојано бил предупредуван дека го нарушува воздушниот простор. Москва тврди дека соборениот нејзин авион “Су-24” не го напуштил сирискиот воздушен простор.

Слични содржини