Возрасен маж допирал малолетничка во автобус на ЈСП

од Stefanija Kuzmanovska

Скопјанец пријавил дека повозрасно машко лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка во автобус на ЈСП.

„На 29.01.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, 57 – годишен маж пријавил дека на 27.01.2024 во автобус на Јавно претпријатие Скопје, на подрачје на општина Аеродром во Скопје, едно повозрасно машко лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини