Вработени во фирма фатени на дело како крадат огревно дрво

од Nikola Popovski

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против правно лице од Пробиштип и одговорните лица Ј.Д.(40) и Р.Д.(43), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 7 во врска со став 3 и 4 од Кривичниот законик.

Пријавените, како вработени во правниот субјект, на 01.10.2022 на место викано „Бабини градини“ во Шумско – стопанска единица „Злетовска река – Пониква“, при акциска контрола од страна на полициски службеници, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, биле затекнати како вршат сеча на огревно дрво без да поседуваат соодветна документација издадена од надлежен орган.

Слични содржини