Вработувањата да се прават по заслуга и неприпадност на партија, вели Гир за случувањата во М-НАВ

од Nikola Popovski
229 прегледи

Мислам дека бевме навистина јасни. Во поглед на назначувањата во јавните институции, важно е да се прават врз основа на заслуга, тоа значи квалификација, вештини, искуства, неприпадност на партија или лични врски. Второ, јасно е дека постојат обврски кога станува збор за воздушната агенција и обврските кон ЕУ, во поглед на имплементирањето, рече евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир околу последните случувања во М-НАВ.

Според него, тука се вклучени гарантирањето на независноста на телото, кое што е одговорно за воздухопловната навигација и во поглед на регрутирањето и ангажирањето, дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин, кој што ќе ја гарантира безбедноста и ефикасноста на самата служба.

-За различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија, ги повикуваме властите да ги истражат и да делуваат на однос на резултатите на тие истраги. За заканите и упадот во зградата, тоа се прашања кои треба да бидат истражени и доколку постои загриженост, треба да се реагира, кажа Гир, запрашан од медиумите.

Слични содржини