Врачени признанија на руските војници кои помогнаа во апсењето на терористите

Абачов лично му честиташе на секој учесник во операцијата, а борците беа наградени со медали за храброст и за воено истакнување.

од Бети Божиноска

На војниците кои се истакнаа при апсењето во Брјанската област на осомничените за терористичкиот напад на „ Крокус сити хол“, им биле врачени државни и ресорски награди, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Заменик-командантот на Ленинградскиот воен округ, генерал-полковник Еседула Абачов, им врачи државни и ресорски награди на воените лица од групата што ја покрива државната граница на Руската Федерација, а кои се истакнаа за време на апсењето на терористите во регионот Брјанск“, се наведува во соопштението објавено од „РИА Новости“.

Абачов лично му честиташе на секој учесник во операцијата, а борците беа наградени со медали за храброст и за воено истакнување.

Најмалку 137 лица загинаа во терористичкиот напад во Москва во петокот вечерта, а се очекува бројот да се зголеми. Московскиот суд издаде обвиненија против главните осомничени за масакрот во концертната сала „Крокус сити хол“ кои беа уапсени во петокот.

Судот во Басман во Москва ги сослуша осомничените приведени по смртоносниот напад во кој загинаа повеќе од 130 луѓе. Осомничените, за кои се верува дека се државјани на Таџикистан, се појавија на суд поединечно.

Слични содржини