Секоја врска  е подложна на кризни моменти. Но, кога ќе се појават премногу “но”, “ако” и “сепак” работите почнуваат да добиваат различен изглед. Понекогаш љубовта не е доволна за да одат работите непречено напред и во хармонија.e6bc8063aa34ad4fd5825ea4ab64e7d6

Ако се чувствувате на средината на крстопат и почувствувате дека се појавиле премногу прашалници, можеби е време за осмислување на врската. Еве кои се сигналите дека е дојдено времето за тоа:

Барате излез

Во главите почнаа да ви светат премногу црвени светилки. Почнавте постојано да си го поставувате прашањето “Што ако?”. Кога потсвесно да барате излез од врската и размислувате за можните варијанти за развој на животот надвор од неа, веројатно времето за крај е дојдено.

Сексуалната желба избледела

Сексот е многу силен показател за здравјето на една врска. Точно е дека со годините сексуалната желба опаѓа. Таа не е секогаш иста, како што беше во почетокот на врската, но ако започне сосема да згаснува и полошо – да доживуваме ужас, ако треба да имате секс со партнерот, работите отишле премногу далеку.1f45c47903c1640b33dfccc73146b6a8

Сте станале премногу апатични

Еден од најзначајните знаци дека е дојдено време за осмислување на врската е апатијата. Таа дури е полоша од гневот. Гневот барем е израз на некакво чувство на желба за промени, за правда, за борба.

Додека апатијата во психолошка смисла е еднаква на смрт. Кога таа ќе се појави во една врска, таа тешко би можела да биде спасена, освен со многу намерна работа и искрена желба кај двете страни.

Се чувствувате заробени

Се чувствувате  потиснати во оваа врска. Немате поле за докажување, немате дури и желба. Се чувствувате подобро, додека сте сами, а кога партнерот си оди дома, на вас одеднаш ви се сака да излезете. Капакот на отуѓеноста ве натиснува и се чувствувате како не можете да дишете.333ffc5dff942876e2144bcb27835114

Најблизок ви е, но не сте вљубена во него

Колку и да е важно љубовта да е присутна, само таа не е доволна. Многу жени се чувствуваат така, како да го сакаат роднински партнерот. Ако чувствувате нешто како братска љубов кон партнерот, веројатно не само желбата за секс дека испарила, но и многу повеќе од тоа.

Почнувате скандал од никаде

Неуредна облека, неизмиени чинии, пари, сите овие дневнополитичките нешта се во состојба да разгорат таков скандал, што се слушате дури до последниот кат од зградата. Секогаш сте подготвени за нова битка. Во напаѓачки или дефанзивен режим – не е важно! Лошото е дека сте будни, а тоа е знак за голема загриженост во врската.

Стресот не е добар пријател во љубовта.

Слични содржини