Врховниот суд на Италија дозволи референдум за уставни промени

од Vladimir Zorba

zx450y250_2741342

Врховниот касационен суд на Италија денеска даде зелено светло за национален референдум за промени во Уставот, пренесе “Ројтерс”.

Судот пресуди дека се собрани повеќе од потребните 500.000 валидни потписи за поддршка на анкетата. Владата има 60 дена да одлучи на кој датум ќе биде гласањето – веројатно во периодот октомври- декември.

Двата дома на италијанскиот парламент го одобрија во април предложените владини реформи на уставот. Промените во прифатениот устав од 1948 година сепак треба да бидат одобрени на референдум.

Премиерот Матео Ренци ја заложи својата политичкатао иднина со овој референдум. Италијанскиот премиер вети дека ќе поднесе оставка ако не го добие посакуваниот резултат. Според Ренци амандманите на основниот закон се единствениот начин да се постигне поголема политичка стабилност, и како се стави крај на честата промена на влади, и трипати заживувањето на економијата.

Ако промените во уставот бидат одобрени на референдумот, Сенатот повеќе нема да учествува во одобрувањето на буџетот или прифаќање на поголемиот дел од другите закони и нема да може да ја урне владата, односно да не изгласува недоверба. Овие овластувања ќе има само Домот на пратениците. Се задржува правото на сенаторите да учествуваат во изборот на шеф на државата и на уставните судии. Сенатот ќе може и да нуди промени на законите, одобрени од страна на Домот на пратениците, но овие предлози нема да се правно обврзувачки.

Бројот на сенаторите ќе биде намален од 315 на 100, кои нема да се избираат директно, а од властите на 20-те италијански области. Сенатот според замислата ќе ги претставува интересите на регионалните власти во управувањето со земјата. Истовремено се зголемуваат ингеренциите на централната влада за сметка на областите кои губат повеќе овластувања, на пример во политиката за заштита на животната средина, националните транспортни мрежи, енергетската политика и др.

Слични содржини