Втор ден заседава Мешовитата историска комисија, разговорите во позитивна атмосфера

од Nikola Popovski

Во Скопје втор ден заседава Мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Биугарија. Во фокусот на разговорите се промените во учебниците.

Дваесет и првиот состанок е на ист ден со свеченото отворање на новите простории на бугарскиот културно-информативен центар во главниот град на земјава.

Состанокот и отварањето на новиот објект се одржуваат во сенка на уште еден напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, каде од автомобил во минување било пукано со пиштол.

Инцидентот предизвика реакција и кај историчарот Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата историска комисија. По првата вчерашна средба, бугарските и македонските историчари изјавија дека разговорите биле конструктивни.

Вчера се разговарало за измени на учебниците по географија, како што сугерираат августовските препораки. Тие мора да се променат во рок од една година, а во рок од две години треба да има промена и во учебниците по историја во Бугарија за 5-то одделение и во Северна Македонија за 6-то одделение.

Традиционално, по средбите, изјави дава копретседавачот – домаќин, во овој случај историчарот Драги Ѓорѓиев.

„Имаше материјална расправа во позитивна атмосфера и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред“, информира вчера Ѓорѓиев.

Слични содржини