Втори јуни неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

од Nikola Popovski

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 02 јуни (петок) 2023 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата.

Слични содржини