Вториот MINI ONE од МИНИ И МАКСИ отпатува за Тетово

од Stefanija Kuzmanovska

Пред салонот М -КАР  во Скопје Државна Лотарија додели  уште еден автомобил MINI ONE од инстант лозот МИНИ И МАКСИ. Среќниот добитник на кој  ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил е Меридон Муртезани од Тетово.

Меридон ни ја раскажа неговата среќна приказна. Имено, тој често купува инстант лозови, а на роденденот на неговата внука барајќи подарок за неа во трговскиот центар Палма мол во Тетово,  од  продажното  место на Државна Лотарија купиле само два лоза МИНИ И МАКСИ. Еден од двата лоза му донел три исти симболи и посакуваниот автомобил MINI ONE.

Меридон пресреќен за добивката вели дека кој игра тој и добива и дека не престанува тука со игрите на среќа на Државна лотарија.

Тој го напушти салонот со новиот автомобил кој ќе го вози низ улиците на Тетово.

Инстант лозот МИНИ и МАКСИ во продажба е од 06.09.2019 година, a како главни добивки од овој инстант лоз се 10 автомобили  BMW X1 и 5 автомобили MINI ONE.

Покрај автомобилите лозот нуди можност и за многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција од 80 денари да дојдете до МАКСИ добивка со инстант лозот МИНИ и МАКСИ.

Слични содржини