Второто и осмото крило во „Идризово“ од понеделник вон функција

од Aleksandar Todeski

Второто и осмото крило во затворот „Идризово“ од понеделник ќе бидат ставени вон функција. Ова во изјава за „Локално“ го кажа директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ, кој исто така ни изјави дека веста за избеганиот затвореник, осуден на доживотна затворска казна е избеган од затворот.

Инаку, второто и осмото крило се едни од најкритичните крила во затворот „Идризово“. Второто крило се наоѓа на првиот, а осмото на третиот кат во затворот. Условите во овие две крила се најлоши, а за истите треба и поголема внимателност, особено по случајот кој се обелодени денеска, а во кој затвореник се обидел да избега, но стигнал само до поткровјето.

Пред година и половина, Станковиќ и министерката за правда, Рената Дескоска ги промовираа новоизградените делови во затворот „Идризво“, Отворено одделение за сместување на 294 осудени лица на површина од 3.800 м2, како и Полуотворено одделение за сместување на 252 осудени лица на површина од 4.000 м2.

Александар Тодески

Слични содржини