Вучиќ: Би ја примил кинеската вакцина, но не сакам привилегии

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека би сакал да се вакцинира против коронавирус со кинеската вакцина.

„Размислувам за тоа, но ако се вакцинирани од 10 до 12 проценти од возрасната популација, нема смисла јас да ја примам, а не некој друг“, рече Вучиќ како гостин на емисија на РТС.

„Не сакам да бидам привилегиран“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека на почетокот на процесот на вакцинирање беше потребно да се мотивираат граѓаните да се одлучат да ја примат вакцината.

Слични содржини