Вучиќ: Едвај чекам да ја примам третата доза на вакцина

од Берта Китинска

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека не знае дали ќе се воведат нови епидемиолошки мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот во Србија.Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се вакцинираат .

“Кога ќе поминат шест месеци од втората доза, ќе ја примам третата вакцина. Тоа ќе биде на почетокот на октомври. Едвај чекам да ја примам третата доза. Како што можете да видите, јас сум се уште жив. Вакцината не повреди никого“, рече Вучиќ.

Слични содржини