Вучиќ испрати телеграма со сочувство до Ердоган во врска со несреќата во која загинаа голем број рудари

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати телеграма со сочувство до претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во врска со несреќата во која загинаа голем број рудари.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до семејствата на загинатите рудари и работници, како и до Владата и граѓаните на Турција, а на повредените им посака брзо, успешно и целосно закрепнување.

„Почитуван претседателе Ердоган, драг пријателе. Со голема тага ја примив веста за страшната несреќа во рудникот на северот на Турција во која загинаа голем број луѓе. Во моменти кога се бориме за секој човек, за подобар и побезбеден живот за сите нас, веста за ваквата трагедија станува уште еден страшен потсетник за ризиците од чесната рударска професија. Граѓаните на Србија ја споделуваат вашата тага, бидејќи и самите се сеќаваат на рударските несреќи во нашата земја, а нашите мисли во овие моменти се упатени до семејствата на жртвите и повредените“, наведе Вучиќ.

Да потсетиме, несреќата се случи на 14 октомври во рудникот во градот Амасра на брегот на Црното Море, а во моментот на експлозијата во рудникот имало 110 лица.

Во текот на ноќта спасувачите се обиделе да извлечат десетици затрупани луѓе на површината, додека пожарот се уште гори, соопштија денеска турските власти.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека 11 повредени рудари се хоспитализирани, додека 58 рудари се спасени од рудникот.

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез изјави дека спасувачките напори главно се завршени, а експлозијата очигледно била предизвикана од запалив гас од рудникот.

Слични содржини