Вучиќ-Ванг Ји: Планирани се заедничките проекти на Србија и Кина вредни 8 милијарди евра

од Milan1

Кинескиот министер за надворешни рабито Ванг Ји во рамки на посетата на Грција, Албанија, Италија, денес со делегацијата во Белград оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ по средбата изјави  дека Србија и Кина тројно ја зголемиле трговската размена во последните пет години.

-Кина е наш трет трговски партнер и трговијата расте со молскавична брзина. Имаме речиси осум милијарди евра вредни заеднички проекти и особено ми е драго што господинот Ванг укажа на неопходноста од соработка во роботиката, вештачката интелигенција, бидејќи на тој начин Србија, со поддршката на Кина оди во чекор со најразвиените земји во светот, кажа Вучиќ и се заблогадари на Кина што не ја признава независноста на Косово.

-Ви благодариме што го поддржувате територијалниот интегритет на Србија на истиот начин на кој Србија ја поддржува политиката на „една Кина”, кажа Вучиќ по средбата со кинескиот министер Ванг Ји.

Тој и се заблагодари на Кина за можноста Србија да учествува во кинеската иницијатива „Појас и пат”.

-Ги поддржуваме мудрите зборови на кинескиот претседател Си Џинпинг на последната седница на Обединетите нации и неговата иницијатива за глобален развој, нагласи Вучиќ.

Кинескиот министер Ванг Ји кажа двете земји, под стратешкото раководство на претседателите Вучиќ и Си, не само што имаат традиционално добри односи, туку имаат и стабилно и неуништливо пријателство.

Тој додаде дека Србија и дава недвосмислена поддршка на Кина.

-Знаеме дека има приговори поради соработката меѓу Србија и Кина, но имаме голема увереност дека ќе истраеме во соработката дека тоа што го правиме е за наш заеднички интерес, кажа тој, додавајќи дека двете земји се на вистинската страна на историјата.

Слични содржини