ЗА 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Американците нови мнозински сопственици на Милан

од Vladimir Zorba

Американската компанија „Red Bird“ го купи најголемиот дел од акциите на италијанскиот фудбалски клуб Милан за 1,3 милијарди евра од групата „Елиот“, пренесуваат италијанските медиуми.

„Елиот“ е сопственик на Милан од 2018 година.

Весникот „Тутоспорт“ наведува дека компанијата ги потпишала сите документи потребни за преземање на клубот. Договорот во име на американската компанија го „парафирал“ основачот и прв човек Гери Кардинале, а официјално ќе биде објавен во следните 24 часа.

Италијанските медиуми наведуваат дека „Елиот“ задржал околу 30 отсто од акциите.

„Тутоспорт“ истакнува дека прва задача на новите сопственици ќе биде да им понудат нови договори на директорите Паоло Малдини и Рики Масара.

Милан оваа сезона ја освои титулата во Серија „А“, прва по 11 години.

Слични содржини