За една година пензионерите ќе добијат зголемување од минимум 16 проценти, порача Ковачевски

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на седницата на пратенички прашања во Парламентот рече дека пензиите се покачени како никогаш досега и оцени дека новата методологија за пресметување на пензиите даде резултати и таа предвидува континуиран раст согласно трошоците за живот и просечната плата, а не како порано, кога пензиите се зголемуваа пред избори, еднократно.

„За една година пензионерите ќе добијат зголемување од минимум 16 проценти. Такво зголемување немало. Навистина е задоволство кога гледаме дека новата методологија за пензии, којашто ја донесовме со Партијата на пензионерите, Сојузот на пензионерите, веќе дава резултати – со оглед на тоа што сега покачувањето на пензиите кои ќе го добијат пензионерите е од 6,8 проценти и заедно со 2,9 проценти, доаѓаме до зголемување на пензиите оваа година од ниво до 10 проценти. Дополнително, со новото зголемување во март, од март 2022 до март 2023 – а со оглед на тоа дека имаме методологија во којашто 50 проценти е раст на инфлација, а 50 проценти е раст на просечна плата, зголемувањето ќе биде сигурно исто како сега. Тоа никогаш не било. Тоа се факти коишто се важни за пензионерите“, додаде премиерот Ковачевски.

Слични содржини