За колку години и како ќе оди смената на името

од desk4

  Договорот во првиот Член (точка 8 – 13) предвидува како ќе оди спроведувањето на користењето на новото име за меѓународна и внатрешна употреба: Името и термините ќе бидат за сите употреби и сите цели – „ерга омнес“, односно, за внатрешна употреба, во сите билатерални односи и во сите регионални и меѓународни организации и институции.

Македонија според договореното со стапувањето на сила, ќе го употребува името и термините во сите нови официјални документи, кореспонденција и во сите релеванти материјали.

Во однос на  важноста на постоечките документи и материјали кои се издадени од македонските институции, двете странин се договориле да има два транзицски периоди:

-техничка што се однесува на сите официјални материјали од јавната администрација за меѓународна употреба и оние за внатрешна употреба што може да се употребуваат надвор. Тие мора да бидат обновени во согласност со договореното име и термините најдоцна во рок од пет години од стапувањето на сила на Договорот.

-политичката транзиција ќе се однесува на документите и материјалите кои се за внатрешна употреба. Издавањето на овие документи и материјали кои спаѓаат во оваа категорија ќе се менуваат со отворањето на секое поглавје од преговорите со ЕУ во таа област и ќе бидат комплетирани во рок од пет години.

Новото име треба да биде инкорпорирано во Уставот на Македонија. Ова ќе се направи одеднаш,односно со овој амандман, името и термините ќе се сменат во сите членови на Уставот каде се употребува уставното име. Исто така ревизијата ќе биде направена и во Преамбулата, во членовите 3 и член 49.

Уставните промени треба во целост да бидат усвоени до крајот на 2018 година.

Процедурата за брза промена на Уставот во согласнот со одредбите од договорот ќе стапат на сила по ратификацијата на Договорот од Парламентот или по рефендумот што би се одржал доколу тоа Македонија го предвиди.

Откако ќе добие известување дека сите уставни промени се усвоени и дека се завршени сите внатрешни законски процедури за стапување на сила на Договорот, Грција ќе го ратификува во Парламентот.

Кога Договорот ќе стапи на сила, двете страни ќе го користат новото име во сите меѓународни организации, мултилатерални и регионални институции и во билатералните односи со сите земји членки на Обединетите Нации.

Кога Договорот ќе стапи на сила, Македонија ќе ги извести сите организации да го користат новото име за секоја потреба. Референцата ФИРОМ, повеќе нема да се употребува.

Овој договор е конечен и по неговото влегување во сила  прекинува да важи Времената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година.

Слични содржини