За Меси рекорд, за Барса бод

од Vladimir Zorba

Дуелот помеѓу Барселона и Валенсија на Ноу Камп, во рамките на 14. коло од Ла Лига, заврши без победник со резултат 2: 2.

Валенсија поведе по 29-тата минута од играта со прекрасниот погодок на Муктар Диакаби, за финишот на првото полувреме донесе многу драматичност.

Поради контактот со Антоан Гризман, судијата му покажа црвен картон на Хозе Гаја. Таа одлука беше променета по гледањето на видеото, па овојпат судијата покажа само жолт картон, но одлуката за пеналот остана.

Лионел Меси застана против Хуаме Доменек, и сигурно ќе се зборува за начинот на кој Доменек се обиде да го збуни ривалот.

Донекаде му се исплатеше, тој го одбрани пеналот, но акцијата продолжи и Меси сепак погоди за израмнување. Со тој гол, Лео Меси се изедначи со Пеле по бројот на постигнати голови за еден тим.

Само што започна второто полувреме, Роналд Араухо и донесе предност на Барселона и така казни бројни промашувања на гостите.

Се играше во 69. минута кога „лилјаците“ израмнија. Овој пат стрелец беше Макси Гомез.

Барселона од 13 натпревари има 21 бод на петтото место на табелата, Валенсија ги одигра сите 14 натпревари и има 15 бода на 12-то место.

Во следното коло Барселона гостува кај Ваљадолид, а Валенсија ќе се сретне со Севиља.

Слични содржини