Забрчанец: Преспанскиот договор е силен за да го одржи регионот на вистинската патека

од Nikola Popovski

Националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец порача дека Преспанскиот договор и иницијативата „Отворен Балкан“ се силни за да го одржат регионот на вистинската патека со меѓусебно почитување.

-Предизвик за мене се случувањата во соседството, сериозна закана за мултикултурализмот и спроведувањето на стратегијата се тензиите помеѓу Србија и Косово, како и недобрососедската комуникација меѓу Србија и Хрватска и Србија и Босна и Херцеговина. Од друга страна и спорот кој Бугарија го има со нас е извор на говор на омраза и непочитување на различностите, изјавил Забрчанец на конференцијата на Цивил, „Различностите, благодат или проклетство“.

Тој додал дека наспроти ова го имаме добриот однос на Северна Македонија со Албанија и Грција, како и иницијативата Отворен Балкан.

Слични содржини