Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба

од Andreja Salpe

„Северна Македонија има недостатог од домашна продукција. Сведоци сме на информативни, културни и едукативни содржини во македонскиот етер на други јазици, од други држави. Медиумскиот фонд, од каде би се издвојувале средства за истражувачки медиумски проекти и средства за проекти од јавен интерес, би помогнал во продукција на македонски јазик и на јазиците што се зборуваат во нашата земја“ изјави Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во неговото гостување на „Тера ТВ“.

„Таквиот предлог има пристанато од повеќе страни дури, таков медиумски фонд, тоа не е нова идеја. Дигитално е живеењето денес. Гледаме непречено содржини од соседите и други земји, но сите го знаеме чувството дека ни недостасува домашна македонска содржина“, изјави Забрчанец.

Тој објасни дека средствата за тој фонд би се обезбедиле со одвојување на одреден процент од даноците кои што бизнисите ги плаќаат на државата.

„Проценката е милион и пол до два и пол милиони евра годишно, за продукција на домашни содржини, за истражувачко новинарство,за едукативни содржини и продукти кои што излегуваат од медиумите на теми од јавен интерес, но и за обуки и јакнење на капацитетите на медиумските работници, што се проценува дека недостасува во медиумскиот сектор“ изјави Забрчанец.

Тој додаде дека веќе трета година е активна програмата за поддршка на печатените медиуми, каде што до 50 отсто се покриваат трошоците од минатата за печатење и дистрибуција на весниците.

„ Тој модел, таа програма беше поддржана и од  медиумските здруженија и од новинарските здруженија и од самите печатени медиуми и еве трета година по ред функционира. А гледаме дека печатените медиуми не се навивачи за власта. Тој модел покажа дека се вложиле средства од државните буџет за печатените медиуми, но тоа не бил за сметка за корупмирање на медиумите или купивање на нивната уредувачка политика“ објасни Забрчанец.

Слични содржини