Забрчанец: Оваа влада никогаш нема да посегне кон цензура, против лажните вести се бориме со вистината

од Vladimir Zorba

„Мислам дека со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие премнување би значело посегнување кон цензура. Оваа Влада е демократска и нема намера тоа да го прави.“- одговори Марјан Забрчанец, Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, во интервјуто за емисијата „25 минути“ на телевизија 24, зборувајќи за реалноста која е под силно влијание на лажните вести и дезинформациите.

Според него важно е државните институции брзо и ефикасно да спречат ширење на лажни вести, а тоа е можно само ако на јавноста и се предочи вистината.

„Кога е во прашање јавното здравје и фактите во врска со јавното здравје Владата секогаш кажува вистинити информации, а кога Владата не поседува во одреден момент вистинита информација за тоа ги известува новинарите, дека одредена работа ќе биде проверена и веднаш штом е проверена се пласира во јавноста и тоа го видовме низ примерот на министерот за здравство, Венко Филипче, којшто во развојот на кризата секојдневно излегуваше пред медиумите со долги прес конференции во директна комуникација со новинарите. Тој на почетокот беше фронталниот гласник на Владата, но тука се разбира се и портпаролите, останатие министри кои што комуницираат во своите ресори, а сега веќе го имаме и Кризниот штаб при Центарот за управување со кризи.“- изјави Забрчанец за да ја потврди владината заложба за вистинито и навремено известување на јавноста.

На почетокот на кризата беше фронталниот месинџер или гласник на Владата се уште е меѓутоа не е единствениот се разбира, тука се и портпаролите на Владата, останатите министри коишто комуницираат секој во своите ресори, сега веќе и кризниот штаб при ЦУК.“

Со оглед дека најголемиот број лажни вести се шират преку социјалните мрежи, Владата има соработка со Фејсбук и со Гугл, за да може што побрзо да се елиминираат дезинформациските содржини, или пак платформите да означуваат кои вести се проверени и точни.

„Стапивме во партнерство, во соработка со двете најголеми интернет платформи Фејсбук и Гугл, таму се верифицирани владините извори како кредибилни и релевантни. Низ целиот свет Фејсбук и Гугл, во име на спречување на дезинформирањето, стапија во контакт со владите и денес кога пребарувате на интернет вестите кои излегуваат од кредибилни извори се верификувани како проверени во име на институциите. Фејсбук не ги проверува меѓутоа ги означува дека оваа вест или информација е проверена од одредена институција.“- посочи Забрчанец на еден од примерите за заштита од лажни вести на интернет.

Слични содржини