Зачестениот секс може да го подобри квалитетот на сонот!

од desk2

Освен што пружа добро чувство, сексуалниот однос може да влијае и на некои важни сегменти од вашиот живот.

Една од најважните работи во секојдневниот живот е сонот. Многу работи може да влијаат на квалитетниот сон, а меѓу нив е и сексот, односно зачестениот сексуален однос.

Како што пренесува порталот “Her”, истражувањата покажале дека зачестениот сексуален однос, може значајно да го подобри квалитетот на сонот. Иако изгледа логично дека сексот ќе ве измори и после него полесно ќе заспиете, тоа што најмногу влијае на сонот се оргазмите.

Истражувањето спроведено на Универзитетот “Central Queensland”, покажало дека дури 64% од луѓето спијат помирно и поцврсто после сексот, во кој доживеале оргазам.

Во истражувањето во кое учествувале 460 испитаници, докажано е дека за квалитетен сон, заслужен е хормонот окситоцин, кој го опушта телото и му пружа добро чувство, и кој е сличен на ендорфинот. Овој хормон се излачува после спортските активности.

Слични содржини