„Задолжително основно образование за моите деца“: Мајката на Коста К. испратила шокантно писмо

од Stefanija Kuzmanovska

Мајката на Коста К., момчето кое во мај изврши масакр во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, убивајќи девет ученици и член на училишното обезбедување, испратила писмо до институциите со барање нејзиниот син да го продолжи образованието.

„Блиц“ наведува дека во писмото не се споменува трагедијата што ја предизвикал нејзиниот син, туку само се наведува дека ситуацијата во која се нашло нејзиното семејство е „комплексна“.

Писмото е напишано „многу кусо и без емоции“, а мајката во него наведува дека е отворено прашањето за задолжително основно образование за нејзините деца. Помладата ќерка, која учела во истото училиште со Коста К., сега не може да го продолжи образованието на истото место, додека тој е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади.

„Блиц“ додава и дека момчето нема да биде ослободено, а неговото дообразување ќе биде согласно прописите.

Бидејќи основното образование е задолжително со закон, тој ќе посетува индивидуална настава онлајн, согласно условите за хоспитализираните деца. Деталите за моделот на школување на Коста К. би требало да се знаат до крајот на неделата, но засега се знае дека тој нема да може да пристапи на ниту една друга содржина преку компјутерот, освен следење онлајн настава.

Слични содржини