Заев: Благодарност до Бугарија за солидарниот и хуман гест

Премиерот Зоран Заев, вечерва преку својот фејсбук профил и се заблагодари на Бугарија за поддршката и договорената донација за вакцините.

„После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија.

Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, се вели во фејсбук статусот на Заев.

Слични содржини