Заев: Голема благодарност на ЕП за донесената резолуција за почеток на преговори со С. Македонија

од desk3

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил изрази голема благодарност до Европскиот Парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно и припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан“, напиша Заев.

Тој додава дека Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство и дека ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука.

Слични содржини