Заев и Гаши на средба во хотел Белви

од Nikola Popovski

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши попладнево одржуваат средба во хотелот Белви на излезот од Скопје.

Средбата за која немаше формална најава од двете партии се одржува ден пред најавеното предавање на мандатот за составување нова влада од претседателот Стево Пендаровски на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Средбата е и во пресрет на утрешниот заедничкиот состанок на лидерите на партиите од албанскиот политички блок што го иницира претседателот на ДУИ Али Ахмети, а на кој Гаши и неговиот коалициски партнер и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села кажаа дека нема да одат, барајќи негово одложување за наредната недела.

Од СДСМ нема потврда дали е обезбедено неопходното мнозинство од 61 пратеник, ниту до каде се преговорите со ДУИ или со другите партии. Разговорите меѓу Заев и Ахмети влегоа во криза по барањето Насер Зибери да ја предводи Владата барем една година, а потоа да му ја препушти на Заев, како и по инсистирањето кадрите на ДУИ да имаат поголем удел во владеењето.

Слични содржини