Заев: Како дел од шестиот пакет мерки, распределени се 35,3 милиони денари

од Берта Китинска

Како дел од шестиот пакет мерки за надминување на последиците од ковид-кризата, распределени се 35,3 милиони денари, напиша премиерот на република Северна Македонија Зоран Заев на својот фејсбук профил.

– 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, на кои ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари;

–15.443.661 денари за 33 економски оператори врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани;

–11.924.820 денари финансиска поддршка на регистрирани фотографски студија и фитнес центри, односно на сите 184 правни лица од овие дејности кои аплицираа на јавниот повик.

-5.442.232 денари финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за вкупно 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик за правните лица од овие дејности, напиша тој.

Слични содржини